Иранците ја заробија најновата беспилотна подморница на САД?

Морнарицата на Иранската револуционерна гарда (ИРГЦ) соопшти дека прво ја следела, па ѝ поставила заседа и на крајот ја запленила најнапредната и барем досега најтајна беспилотна подморница (UUV) на американската морнарица во водите на Ормутскиот Теснец.

Во беспилотната подморница наводно се наоѓа најсовремената нова технологија со која располагаат САД, а подморницата ѝ била испорачана на американската морнарица пред само една година.

Според соопштението лиферувано од ИРГЦ, подморницата е запленета во целосна и неоштетена состојба, а се очекува да биде прикажана од повеќе агли на иранската државна телевизија во наредниот период.

Во врска со овој инцидент, засега нема никаква реакција од американските воени сили или од кабинетот на претседателот Доналд Трамп.