Соочен со вишок производствени капацитети и високи трошоци, „Фолксваген“ веќе со месеци преговара со заинтересирани страни за фабриката во Оснабрик, каде производството на автомобили постепено ќе биде прекинато до 2027 година.
Израелската компанија „Аурелиус капитал“ и претставниците на германската сојузна покраина Долна Саксонија планираат да ја преземат фабриката на „Фолксваген“ во Оснабрик, со цел нејзина пренамена за одбранбени проекти, соопштија од најголемиот европски производител на автомобили.
Соочен со вишок производствени капацитети и високи трошоци, „Фолксваген“ веќе со месеци преговара со заинтересирани страни за фабриката во Оснабрик, каде производството на автомобили постепено ќе биде прекинато до 2027 година. Производството за потребите на одбранбената индустрија се појави како реална алтернатива, пренесува „Ројтерс“.
Договорот доаѓа само неколку дена откако „Фолксваген“ постигна договор за најголемото реструктурирање во својата историја, што би можело да доведе до затворање или пренамена на други погони во Германија, кои се тешко погодени од слабеењето на европскиот автомобилски пазар, високите трошоци за работна сила и конкуренцијата од Кина.
Зголемената побарувачка за одбранбена опрема се смета за едно од главните решенија за проблемот со вишокот производствени капацитети со кој се соочуваат европските автомобилски компании. Тоа го потврдуваат и напорите на компаниите „Рајнметал“ и „Континентал“.
Според заедничката изјава за намери потпишана денеска, „Аурелиус капитал“ би ја презел фабриката заедно со Долна Саксонија, која е втор најголем акционер во „Фолксваген“, при што израелскиот инвеститор би станал мнозински сопственик.
Не се објавени дополнителни детали за плановите, кои допрва треба да бидат финализирани.
„Фолксваген“ наведе дека почетниот „клучен проект“ за Оснабрик би подразбирал соработка со израелската компанија „Рафаел одбрамбени системи“.
„Овие планови вклучуваат потенцијално производство на системи и компоненти за системи за противвоздушна одбрана за Германија и Европа“, соопшти „Фолксваген“, додавајќи дека соработката би го отворила патот за идни слични зделки, пренесува Танјуг.
Следи го Антропол преку Google 
