Мојсоска: АХВ три месеци не ги објавува млекарите кои продавале канцерогено млеко, додека директорот Оливер Миланов се занимава со ВИ-фотографии како му ја бакнуваат раката

Пратеничката од Левица, Јована Мојсоска, реагира дека Агенцијата за храна и ветеринарство и нејзиниот директор Оливер Миланов веќе цели три месеци официјално не ги објавуваат млекарите кои продавале канцерогено млеко.

Како што посочува Мојсоска, станува збор за млекари кои продавале канцерогено млеко, а кои биле „казнети“ со, како што наведува, смешни казни. И покрај тоа што поминале три месеци, имињата на млекарите сè уште не се официјално објавени од страна на АХВ и нејзиниот директор.

Во меѓувреме, додека, како што наведува пратеничката, АХВ сè уште не ги објавува официјално млекарите, директорот Оливер Миланов на своите социјални мрежи објавува AI-генерирани слики од себе.

Мојсоска се осврнува и на претходно објавениот скандал поврзан со директорот на АХВ.

Пратеничката од Левица во својата објава го поставува и прашањето за одговорноста при именувањето директори на институции кои управуваат со јавни средства.