Документарецот „Југото оди во Америка“ од 3 септември се прикажува во македонските кина, по почетокот на кино-дистрибуцијата во Србија и најавеното прикажување во Црна Гора и Босна и Херцеговина. Долгометражното остварување на режисерите Филип Грујиќ и Алекса Борковиќ го започна своето кинопаување од Крагуевац, градот каде што некогаш се произведуваше култниот југословенски автомобил.
Филмот следи група миленијалци од Србија кои тргнуваат на пат низ САД со „Југо“, автомобилот што стана симбол на едно минато индустриско време. Авторите го возат возилото низ американските патишта, бележејќи ги реакциите на минувачите, но и сопствените предизвици со автомобилот кој во осумдесеттите години се продаваше и на американскиот пазар.
Светската премиера на остварувањето се одржа на фестивалот за документарен филм ЦПХ:ДОКС во Копенхаген, Данска. На регионалната сцена, филмот на фестивалот „Белдокс“ во Белград ја освои наградата од публиката, како и специјално признание во селекцијата за млади.
Следи го Антропол преку Google 
