Британската армија нема пари за обука на тенкисти и пилоти

Суспендирани се вежби од поголем обем, а меѓу откажаните активности се и вежбите со тенковите „Челенџер 2“ и хеликоптерите „Апачи“.

Британската армија стопираше дел од воените вежби поради недостиг на пари, вклучително и вежбите со боева муниција за тенкови.

Одлуката стапи во сила веднаш и би можела да влијае врз подготвеноста на дел од британските сили за реагирање во криз ситуации, пренесува „Скај њуз“.

Суспендирани се вежби од поголем обем, а меѓу откажаните активности се и вежбите со тенковите „Челенџер 2“ и хеликоптерите „Апачи“.

Како што се наведува, со планот е предвидена заштеда од околу 30 милиони фунти, а на единиците им е наредено да ја суспендираат колективната обука.

Мерките го погодија и резервниот состав, при што одредени резервисти ќе имаат помалку денови за обука отколку што првично било планирано.

Суспензијата не ги опфаќа единиците кои се подготвуваат за распоредување, вклучително и силите кои треба да бидат ангажирани во Естонија или на Фолкландските Острови, како ни единиците во режим на брзо реагирање или готовност.

Британската армија наведе дека обуката продолжува, но приоритет им се дава на активностите кои најдиректно придонесуваат за подготвеноста, можноста за распоредување и оперативната ефикасност.

Армијата додаде дека вложува две милијарди фунти во трансформација на обуката во текот на следните 15 години.

Британскиот министер за одбрана Вес Стритинг изјави за „Скај њуз“ дека пренасочувањето средства од буџетот за социјални давања кон одбраната не е едноставно.

„Доколку намалувањето на социјалните трошоци со цел вложување во одбраната беше едноставно, искрено, владата веќе ќе го направеше тоа“, рече Стритинг, додавајќи дека истото би го направила и претходната конзервативна влада.