Имаат бесплатен превоз во град. Меѓуградски во моментов не сме предвиделе“, рече министерката Весна Јаневска.
Министерството за образование и наука во моментов не предвидува бесплатен или субвенциониран меѓуградски превоз за студентите, и покрај зголемувањето на цените на билетите, изјави денеска министерката за образование и наука Весна Јаневска.
Одговарајќи на новинарско прашање за студентите кои секојдневно патуваат од други градови до универзитетските центри и се соочуваат со повисоки трошоци за превоз, Јаневска рече дека бесплатен превоз е обезбеден само таму каде што за тоа постојат услови и соодветни одлуки.
„Имаат бесплатен превоз во град. Меѓуградски во моментов не сме предвиделе“, рече Јаневска.
Таа посочи дека основното и средното образование во земјава се бесплатни, додека студирањето, според неа, е со ниска партиципација.
„Студирањето е речиси бесплатно, затоа што имаме минимална партиципација во земјава за студиите. Студентите имаат можности да се запишат на шест државни универзитети и, како што сум информирана, ги избираат оние што најмногу им одговараат“, изјави министерката.
Јаневска нагласи дека во моментов приоритетите на Министерството се насочени кон подобрување на квалитетот на образованието, едносменската и целодневната настава, промени во наставните програми во високото образование и подготовка на нов закон за високото образование.
Следи го Антропол преку Google 
