Постојат и подобри политики за наталитетот, од „да ти купат братче и сестриче“

Наместо „купување на братче и сестриче“, владите можат да спроведат проактивни политики за олеснување на родителските предизвици.

Земјите од развиениот дел од светот имаат проблем со растот на наталитетот и засега не е пронајден ефикасен рецепт за надминување на овој проблем, но теоретичарите сметаат дека властите на државите можат да влијаат на овој проблем со неколку мерки.

Наместо „купување на братче и сестриче“, владите можат да спроведат проактивни политики за олеснување на родителските предизвици. Тоа пред сè се однесува на поевтинувањето на храната и останатите препарати кои се неопгодни во првите месеци од животот на децата.

Продолжено и платено боледување за мајките од работа, како и флексибилно работно време за татковците во првите неколку години од животот на новороденчето, исто така се смета за мерка која позитивно влијае врз наталитетот.

Мерките кои би можеле да донесат подобрување во наталитетот се и парична помош за купување на станбен простор, даночно олеснување, детски додаток, државни додатоци и дотации за образование и олеснет пристап до здравствена заштита.

Сепак, мора и да се потенцира дека досега ниту една земја од развиенот дел од светот, не успеала ефективно да се справи со овој проблем, иако поголем број од земјите имаат активни програми за раст на наталитетот.

Може да ве интересира