Почитувани градинари,
Како национална земјоделска мрежа изразуваме јавен револт и негодување на објавите за одлуките од денешниот состанок на министерот Серафимов со одредена група градинари.
На истата средба се изврши класична манипулација кон барањата на градинарите и истите се доведоа до заблуда односно се направи привидна состојба дека се прифатени и задоволени нивните барања од страна на откупувачите.
За жал продадената рака за наша подршка како НЗМ не беше прифатена од кои причини тоа организаторите треба да си кажат.
Како појаснување:
Ние излеговме со реална пресметана и докажана производна цена по килограм пиперка која при принос од 3000 кг по декар изнесува 26 ден.
Со самото тоа се докажа дека секоја просечн откупна цена под 40 ден дирекно води во загуба.
Истовремено упатуваме порака до откупувачите и преработувачите.
Господа заслепени сте од алчноста и незаситната но знајте дека си ја сечете гранката на која седите.
Многу бргу ке ви се случи колапс и ке го изгубите вашиот комодитет.
Ние како НЗМ многу добро знаеме каде колку и за кои цени ги пласирате македонските земјоделски производи и преработки и колкави баснословни профити остварувате на маката на земјоделците.
Едно запаметете времето на вашето дивеење и поигрување со човечки судбини истече.
Работите бргу и неповратно се менуваат.
Ние земјоделските производители повеке нема да бидеме робови и да работиме на 40с и да преживуваме за корка леб додека вие во исто време се однесувате како богата олигархија благодарение на вашата нечовечност.
Следи го Антропол преку Google 
