Исмаил: „Уметничка интерпретација“ е оправдание за утка­та со знамето, ДПМНЕ си го наплаќа предизборниот караван

Пратеникот од Левица, Реџеп Исмаил, преку објава на социјалните мрежи, жестоко го критикуваше ДПМНЕ за, како што вели, обидот грешката со државното знаме на настанот по повод државната свеченост да се оправда како „уметничка интерпретација“. Исмаил оценува дека станува збор за несериозен однос кон државните симболи, но и кон самата содржина на настаните, кои според него се претвориле во „караван“ на ДПМНЕ за постизборна наплата.

Неговиот статус ви го пренесуваме во целост:

Само натурализирани (читај платени) ВМРОвци можат да измислат оправдание за утката со знамето од типот “уметничка интерпретација”, оти ВМРО никаква врска си нема со уметност, дури нит со конзервативна, а камоли пак таква пост-модерна на интерпретација и варијација на старите класични форми.

А ниту пак изворните вмровчиња се замараат – за нив знамето на Македонија е со толку краци со колку е прикажано на настанот. Да било сино со кафеаво прикажано, исто ќе велеа дека е црвено жолто.

Инаку, за жал никој не ја гледа содржината на настаните организирани по повод оваа државна свеченост. Тоа е невиден ужас – караванот на ДПМНЕ од пред избори си се собрал да си наплати сега пост-изборно.