- Пишува Методија Алексов – Активист и борец за работнички права – Член на Левица – Сектор Политичка економија
Зарем паднавме на маркетиншкиот трик со столбови??? Убаво се сеќавам на рекламата кога се воведуваше реформата – со триножно столче, исто каков што имаше баба ми на село (Се рекламираше промена во закон (sic!)). Тогаш не убедуваа дека пензискиот систем ќе биде стабилен и оддржлив, оти од тогаш беше јасно дека бројот на пензионери ќе се зголемува а бројот на работници ќе се намалува, па пензискиот систем мора да се менува.
И така, во Македонија, од 2000 година законски се воведе можноста за воспоставување на три-столбен пензиски систем а примената отпочна од 2006 година.Велиме можноста, бидејќи постоеше една група граѓани – осигуреници, кои можеа да бираат дали ќе се приклучат на три-столбниот систем или ќе изберат целокупниот придонес од ПИО ќе остане во државниот ФПИОМ. За нововработените, по 2006 година, можност за избор – нема, односно сакал – не несакал од 20тина % придонеси од бруто платата, 12-13% остануваат во ФПИОМ за генерациска солидарност со сегашните пензионери, а 6-7% одат во вториот приватен задолжителен пензиски столб.
На јубилејната 20-та годишнина на оваа реформа, која ни ја предложи ММФ и Светската банка, во Јуни – Јули 2026 година, во јавноста се отворија неколку прашања: ФПИОМ е неодржлив – и постојано се пополнува со дотации од општиот буџет (тоа го знаевме од поодамна, бидејќи статистиката е неумолива па евидентен е неповолниот сооднос на вработени и пензионери) и второто прашање – кое не беше ни прашање туку изразување сомнеж за вториот пензиски задолжителен приватен столб, односно колку денес има ефект од вториот пензиски столб.
Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување МАПАС на својата интернет страница вели:
„Задолжителното капитално финансирано пензиско осигурување (втор столб) е осигурување врз основа на капитализација на средствата, на принцип на дефинирани придонеси, при што постои тесна поврзаност и зависност помеѓу обемот на вложените средства – придонесите и идните пензиски надоместоци што ги остварува секое лице засновани на пазарните законитости. Имено, овој начин на осигурување е заснован врз принцип на собирање на средства преку плаќање на придонеси на индивидуални сметки чии средства понатаму се инвестираат и добивката намалена за трошоците на работењето на системот се додава (акумулира) на средствата на индивидуалните сметки.“
Од оваа декларативна дескрипција на МАПАС, се создава увереност дека дел од нашите пари за придонеси некој ги зема „ги работи – и оплодува“ и на крајот истите ќе бидат повеќе од првобитната сума.
Патем – речено, во законот за задолжително капитално финансирано пензиско осигурување, во чл. 8 е уредено дека Приватните пензиски фондови наплатуваат и надоместок, покрај трошоците за работењето, кој ги декларира МАПАС.
Повторно, според МАПАС, во Македонија функционираат 3 задолжителни пензиски фонда КБ – Прво пензиско друштво, Сава пензиско друштво и Триглав пензиско друштво. Па редно е некој да даде една глобална анализа колку успешно 3те пензиски друштва ги работеле парите на осигурениците, колку им биле трошоците за работењето и зошто баш толку?
Ова прашање се поставува на Министерот за труд и социјална политика и Министерот за финансии од следниве причини: Прилични суми, секој месец се слеваат во трите приватни пензиски фонда – без трошоци за истите. Чисто за споредба, да ги позајмуваат тие прилични суми од НБРМ, ќе мора да ја платат барем референтната стапка како камата. Значи трите приватни пензиски друштва во старт заштедуваат 3-5%. Недостатокот на пари во државниот пензиски фонд се покрива со дотации од државниот буџет што повторно носи свој трошок (економистите мора да знаат)
Нека е и неточна – груба пресметка но, според достапните информации од Статистка, на пр. за месец мај 2026 година, просечната нето плата во Македонија изнесува 49544 денари, придонесите за ПИО се 18,80% односно 14057 денари, бројот на вработени е 707.000, што дава бројка од 9.943.710.945 денари придонеси за ПИО. Од тие, 6% се (или требало да се) уплатат во приватните пензикси фондови и така доаѓаме до некоја сума од 596.622.657 денари, односно 9,7 милиони евра. Значи, само за месец мај 2026 година во трите приватни пензиски фонда се слеале 9,7 милиони евра.
Граѓаните а особено идните пензионери ги интересира:
- Колку пари, во сума и во процентен сооднос, одат за трошоци за работење на приватните пензиски фондови и колку се надоместоците (т.е. профитот) кој го заработиле?
- Каде се инвестирани нашите пари – во државни обврзници или во приватни бизниси (и кои)? Ако се инвестирале во државни обврзници и заеми, зошто тогаш воопшто се потребни приватни пензиски друштва да наплаќаат трошоци за работење и надоместоци?
- Што е проблемот со вториот пензиски столб (зошто инаку се покрена како прашање од страна на Гувернерот Трајко Славевски)?
Следи го Антропол преку Google 
