Секое лето истата приказна – граѓани доаѓаат пред шалтерите и затекнуваат затворени врати, наводно затоа што вработените се на годишен одмор. Реалноста е поинаква: паузите се злоупотребуваат и си се продолжуваат по волја, а едношалтерскиот систем, замислен да им ја олесни работата на луѓето, за граѓаните речиси и да не постои.
Наместо на едно место да си ги решат обврските, граѓаните трчаат од шалтер до шалтер, по жешкото време, за документи што администрацијата требаше сама да ги обезбеди. Меѓу нив има и постари, тешко подвижни луѓе.
Ова сето не е случајно. Години наназад дојде до запуштање на јавниот сектор. Институциите пропаѓаат во невнимание без никој да одговара за тоа. Луѓето основано се лути – плаќаат данок, а не добиваат услуга ни навреме, ни достоинствено. Еве се враќам, ми го згрешиле името и презимето – рече еден револтиран граѓанин.
Левица бара итни, зачестени контроли од инспекциските служби – да се провери дали навистина сите се на одмор во исто време, дали се почитува работното време, и дали едношалтерскиот систем воопшто функционира. Администрацијата треба да им служи на граѓаните, а не да им биде дополнителен товар.

