Димовски: Огромна е разликата помеѓу државно и домашно производство на електрична енергија

  • Пишува Дејан Димовски, магистриран инженер и Советник во Општина Ѓорче Петров

Три месеци наназад централна и југоисточна европа се соочуваат со екстремен сушен период. Намалениот водостој на Дунав сериозно го загрозува нормалното снабдување со електрична енергија. Пред неколку дена Унгарскиот премиер укажа на сериозен проблем со функционирањето и ладењето на нуклерните постројки во најголемиот енергетски капацитет на Унгарија. Н.Е ПАКШ 4х500MW има сериозен проблем со ладењето на нуклерните реактори бидејќи користи вода за ладење од Дунав.

Романија со помош на воени инженери изврши неуспешно минирање на дното на Дунав се со цел да ја насочи водата ладење кон реакторите од Н.Е ЧЕРНАВОДА 2х700MW.

Австрија драстично го намли произвотството на електрична енергија од хидроелектраните. Нискиот водостој на Дунав сериозно прави проблем со технички нормалното функционирање на Ѓердап 1 2300MW и Ѓердап 2 590MW.

Регионалното намалено производство на електрична енергија не може да ја заобиколи Македонија. Состојбата со РЕК Битола е технички целосно позната. Моменталната цена на електричната енергија на Унгарската HUPX берза е од 160 до 180 е/MWh.

Кај нас при зголемени берзански цени на електричната енергија профит можат да остварат сите оние кои приватно изградија фотоволтаични централи. Државната ЕСМ мака ќе мачи да го одржи релативно високиот водостој во акумулациите. Периодите со потребен увоз ќе бидат платени по берзанска цена. За жал државата не изгради енергетски произвотствени капацитети од обновливи извори.

Доколку сушата не направаше регионален проблем тогаш фотоволтаиците ќе продаваат електрична енергија по 0 е/MWh и ќе чекаа сојузникот РКЕ да им обезбеди загарантирана цена за откуп од страна на ЕСМ за неколку проценти пониска од 65 е/MWh по принципот “волкот сит и овците на број” но народот ќе плати скапо со промена на тарифниот систем.

РКЕ на народот му должи одговор на едно прашање: Зошто не постапи согласно член 15 од важечкиот тарифен ситем и не ја намали цента на електричната енергија на 1 јули? – До сега цената на електричната енергија се менуваше на 1 јули и 1 јануари.

Приватниот капитал не го интересира народот го интересира профитот, но кога нема профит тогаш бараат спас во одлуките на сојузникот РКЕ. Разликата помеѓу државно и домашно производство на електрична енергија е евидентно.

Може да ве интересира