Мицковски и неговите „кадри“ ја задолжуваат државата еднаш седмично

Владата на Христијан Мицкоски и ДПМНЕ руши рекорди во брзи задолжувања. Секоја седмица ново задолжување. На 14 Јули се задолжила Владата, на 29 јули задолжување направи Собранието, денес, со нови обврзници се задолжи Министерството за финансии.

Влада на 14 јули 2026 година се задолжи 7 милиони евра од М-НАВ, МЕПСО и Државна Лотарија за надминување на тековни потреби. Собранието на 29 јули ги донесе измените на Законот за задолжување на државата кај Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка по Договорот за заем од 25 милиони евра само за јавни расходи. Денес Министерството за финансии издаде три нови државни обврзници во вкупна вредност од 41 милион евра.

Најголемата емисија од 2,024 милијарди денари (32,9 милиони евра) ја сочинуваат 202.370 долгорочни државни обврзници без девизна клаузула. Рокот на достасување е 30 јули 2041 година, а стапката е фиксни 5,20 проценти.

Покрај нив, на Берзата ќе се тргува и со 37.676 државни обврзници со девизна клаузула во вредност од 376,8 милиони денари (6,1 милион евра), исто така со рок на достасување до 2041 година, но со каматна стапка од 5 проценти.

Во котацијата е вклучена и трета емисија – 12.321 државна обврзница без девизна клаузула во вредност од 123,2 милиони денари (околу 2 милиони евра). За наплата ќе стигне на 30 јули 2029 година со камата од 4,35 проценти.

Може да ве интересира