На денешен ден 1992 година Руската Федерација ја призна Македонија под нејзиното уставно име

„Пред точно 34 години – на 4 август 1992 година – Руската Федерација една од првите ја призна Република Македонија како суверена, независна држава под нејзиното уставно име. Со тоа се отвори патот за воспоставување на дипломатски односи меѓу нашите земји“ – стои во соопштението на руската амбасада во земјава објавено денес.

Од руската амбасада редовно упатуваат честитки до македонските граѓани, потсетувајки на вековните традиции и врски кои ги спојуваат двата народи. Пред два дена тие исто така го честитаа државниот празник „Илинден“ истакнувајќи ја заедничката антифашистичка борба. Тие тогаш напишаа:

„Илинден е симбол на борбата на македонскиот народ за независност, на неговата несебична љубов кон Татковината, пренесувана од генерација на генерација, и на силните антифашистички традиции воспоставени од храбрите бранители на родната земја.“

За жал, односите помеѓу двете земји изминативе години се заладени особено од македонска страна, кога владата на Заев, следејќи го надворешнополитичкиот курс наметнат од „стратешките партнери“ воведе бројни санкции кон Руската Федерација. Денес, оваа политика кон русија е продолжена од Владата на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски, кои по однос на политиката кон Русија, не се разликуваат воопшто од она што СДСМ и Заев го воведоа како пракса.

Може да ве интересира