Претседателот на САД Доналд Трамп најави дека денеска попладне ќе почне нови преговори со Иран, и дека ги откажал планираните масовни напади врз земјата, пренесува Би-Би-Си. Тој не откри каде ќе се одржат разговорите ниту кој ќе учествува во нив.
Тој на социјалната мрежа „Трут соушал“ објави дека Иран и американските сојузници на Блискиот Исток побарале да се одложи нападот бидејќи постои можност за договор.
„Сè беше подготвено. Побараа одложување затоа што мислат дека договор е можен. Постои договор околу Хормуз, а ќе има и за нуклеарната програма. Не сакам да убивам луѓе,“ рече Трамп.
Позади намерата на трам „да не убива луѓе“ стои информација дека само до сега војната против ИР Иран ги чини САД 37,5 милијарди долари (околу 32 милијарди евра). Ова го соопшти министерот за одбрана Пит Хегсет на сослушување во Сенатот на САД, одговарајќи на прашање на демократскиот сенатор Дик Дурбин.
Сепак, Трамп подоцна изјави дека саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман, како и партнерите од Обединетите Арапски Емирати и Катар, побарале САД да не напаѓаат во текот на викендот, што неговата изјава дека не сака повеќе убива луѓе ја стави на стаклени нозе.
Имајќи ја во предвид конзистентноста во политиките и изјавите на претседателот на „најголемата светска империја“ се чини дека е само прашање на време кога ќе има нови напади.

