Топлотен бран во Македонија, со кулминација околу 7 август и максимални температури до 40°C

Македонија влезе во нов топлотен бран, под влијание на антициклонот „Олаф“ и топла воздушна маса од југ. Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи, во наредните денови ќе преовладува сончево и екстремно топло време, со дневни температури над 32 степени низ целата земја. Во одделни делови, температурата ќе го надмине прагот од 40 степени Целзиусови, а највисоки вредности се очекуваат кон крајот на неделата и во текот на следната работна седмица. Кулминацијата на бранот се проценува дека ќе биде околу 7 август.

Високите температури ќе се задржат и во ноќните часови, што дополнително го отежнува справувањето со горештините. Службите за заштита и спасување предупредуваат дека првите денови од август традиционално се меѓу најризичните за појава на пожари, и повикуваат на строго внимание при палење отпад, стрништа или оган на отворен простор.

Комбинацијата од продолжена суша, високи температури и човечки фактор го зголемува ризикот токму во период кога капацитетите за реакција честопати се под притисок – искуство што регионот веќе го почувствува овој викенд, откако при гаснење голем пожар кај Атина загинаа двајца членови на екипаж на противпожарен хеликоптер.

Може да ве интересира