Додека Мицкоски ветува чиста вода, за Илинден 84 пациенти побарале преглед во Гостивар

Пред само неколку дена премиерот Мицкоски најави бактериолошки исправна вода за гостиварчани, но викендов колоните пациенти во гостиварската болница продолжија, помош побарале нови 84 пациенти.

„Веќе можам да кажам дека одиме кон ситуација кога можеби за првпат во последните децении во Гостивар граѓаните ќе можат да користат вода за пиење која ќе биде бактериолошки исправна. Но, замолувам за трпение, затоа што имаме сериозен пристап и сериозно го вршиме овој процес – рече Мицкоски.“

Министерството за здравство ја оценува епидемиолошката состојба во Гостивар како стабилна и континуирано ја следи.

Од 4.684 луѓе кои побарале здравствен преглед досега, 1.061 е заведен со пријава за заразна болест, а на 738 луѓе им се изработени епидемиолошки анкети. Вчера и завчера имало 84 нови прегледи реализирани кај граѓани за првпат. Епидемија беше прогласена на 19 јули.

Во текот на 2 август се регистрирани вкупно 84 први прегледи, што е за 27 повеќе во споредба со претходниот ден, кога беа евидентирани 57 прегледи. И покрај дневното зголемување, бројот на прегледи останува значително понизок во однос на пикот од 18 јули, кога беа регистрирани вкупно 649 прегледи.

Може да ве интересира