(Видео) Масовни протести во Тајван: Стотици илјади бараат оставка од владата на Демократската прогресивна партија

Стотици илјади луѓе излегоа на протести во главниот град на Тајван, Тајпеј, барајќи оставка од владата предводена од претседателот Лаи Чинг-те и владејачката Демократска прогресивна партија (ДПП). Протестите започнаа по скандал поврзан со контаминирано масло за готвење, но незадоволството брзо се прошири и кон пошироките политички прашања и односите со Кина.

Стотици илјади граѓани се собраа на масовни протести во Тајпеј, барајќи оставка од владата на тајванскиот претседател Лаи Чинг-те и владејачката Демократска прогресивна партија (ДПП).

Првично предизвикани од скандал со безбедноста на храната поврзан со контаминирано „токсично“ масло за готвење, протестите прераснаа во пошироко движење против владините политики. Дел од демонстрантите ги опишуваат како една од најголемите политички кризи со кои се соочила ДПП.

Според извештаи од терен, демонстрантите во Тајпеј изразиле незадоволство не само поради актуелниот скандал, туку и поради, како што велат, долгогодишните политики на владејачката партија.

Организатори на протестите се припадници на опозициската Националистичка партија (КМТ), која е критичар на политиките на ДПП и се залага за поинаков пристап во односите со Пекинг.

Според последните анкети, околу 60 отсто од испитаниците во Тајван ги поддржуваат протестите, што укажува на значително незадоволство од актуелната политичка состојба на островот.