Мицкоски нема да одел на одмор – најави дека ќе одел на осумдневна семејна екскурзија во Белгија

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Битола, одговарајќи на новинарско прашање, изјави дека нема да користи класичен одмор, туку со семејството ќе замине на осумдневна екскурзија во Белгија. Тој посочи дека дел од престојот ќе биде во Бриж, а дел во Брисел.

Премиерот Христијан Мицкоски најави дека наместо одмор, ова лето ќе има кратко патување со семејството во Белгија.

Одговарајќи на новинарско прашање денеска во Битола, Мицкоски рече дека планира осумдневна екскурзија, од кои четири дена ќе помине во Бриж, а четири дена во Брисел.

Тој нагласи дека нема да оди на класичен одмор, туку дека станува збор за семејна екскурзија во Белгија.