Иран тврди дека нападнал конвој танкери придружуван од американската морнарица во Ормутскиот Теснец

Иранската Исламска револуционерна гарда (ИРГЦ) соопшти дека нападнала конвој танкери кои, според нејзините тврдења, биле придружувани од американската морнарица додека пловеле низ Ормутскиот Теснец. Според соопштението, два танкери биле погодени, додека четири го промениле курсот и се вратиле назад.

Иранската Исламска револуционерна гарда (ИРГЦ) објави дека извела напад врз конвој танкери кои, според нејзините информации, биле придружувани од американската морнарица при премин низ Ормутскиот Теснец.

Во соопштението се наведува дека два од танкерите биле погодени, додека уште четири веднаш се повлекле и го промениле правецот на движење. ИРГЦ тврди дека конвојот се обидел да ја искористи, како што ја нарекува, „нелегалната рута“ во близина на територијалните води на Оман.

Иранската гарда, исто така, порача дека Техеран продолжува целосно да го контролира Ормутскиот Теснец и дека ниту еден брод не може да помине без дозвола од, како што ја нарекува, „Управата за Персискиот Залив и Ормутскиот Теснец“.

Во моментот нема официјална реакција од американската морнарица.

Може да ве интересира