Економистот Марјан Димитриев ја критикуваше владината економска политика, оценувајќи дека фокусот е ставен на промоција на странски инвестиции, додека се занемаруваат проблемите со заминување на компании и затворање на погони. Тој посочи дека државните субвенции и даночните олеснувања за странски инвеститори не донеле доволен развој на домашната индустрија, повикувајќи на поголеми вложувања во македонските компании, производството и работниците. Неговиот Фејсбук статус во продолжение.
Владата редовно се фали со рекорден прилви на странски директни инвесции, но ја игнорираат другата страна на приказната а тоа е дека СДИ се намалуваат а дел од компаниите кои што добиваат државни субвенции ги затвараат своите погони и заминуваат од Македонија.
Ако владините политики се толку успешни, тогаш зошто фабриките ја напуштаат државата ? Зошто се помалку инвестотиори сакаат да инвестираат во ТРЕТАТА земја по економски раст во Европа ?
Проблемот е што власта економскиот развој го сведе на маркетинг. Доволно е да се отвори една фабрика за да се органзиира прес конференција (па дури и на постоечки фабрики кои што го прошируваат производството) но кога една фабрика ќе стаи клуч на врата владата тогаш молчи.
Со години милиони евра од буџетот се трошат за субвенционирање на странски компании, даночни ослободувањеи и што уште не, додека домашното производство, малите и средни претпријатија и македонските индустрии остануваат на маргините.
Затоа луѓе мои, економскиот сувернитет не се гради со ПР кампањи и пресечени ленти туку со развој на домашната индустрија, стратешки јавни инвестиции, повисока додадена вредност и достоинствени услови за работниците.
Фала многу пријатно.

