Јовановски: Системот реагира само кога трагедијата ќе стане вирална – за случајот со девојката од Куманово и институционалниот молк

По видеото на девојката од Куманово кое предизвика големо внимание во јавноста, Мартин Јовановски, преку објава на социјалните мрежи, жестоко реагирашекон институциите кои, според него, потфрлаат во грижата за лицата на кои им е потребна помош. Тој посочува дека реакцијата најверојатно ќе следи само поради виралноста на случајот, а не поради функционален систем кој навремено ги препознава и решава проблемите.

Јовановски во својот статус ги критикува состојбите во психијатриските установи, работата на полицијата и центрите за социјална работа, оценувајќи дека државниот систем е застарен, запоставен и без доволно ресурси за соодветно да одговори на вакви случаи. Според него, проблемот не е само во поединечен случај, туку во долгогодишното нефункционирање на институциите.

Неговиот статус ви го пренесуваме во целост:

Денес до 95% од луѓето во Македонија ќе стигне видеото на девојката од Куманово и нејзиниот очајнички крик за помош. Најверојатно ќе ѝ се помогне, се сомневам на долг рок, меѓутоа, помошта ќе дојде САМО ЗАТОА ШТО видеото стана вирално.

Ајде да анализираме.

1. Болницата Скопје (Бардовци) и онаа во Демир Хисар се најголемите психијатриски установи. Во истите со децении не е вложен денар. Тие самите по себе се за хорор филм, руинирани, полуразрушени, прљави, забаталени од сите. Имам правено споредба на Бардовци со затвор Шутка. Исти се.

Тоа не е болница, тоа е казнена установа.

2. 80% од полицијата едноставно не гледа мотив да се замара со вакви случаи. Истата одамна е дувло на партиски идиоти, апсолутно неписмени и безвредни, штетници кои дремат и чекаат да дојде плата. Останатите кои си ја почитуваат униформата или веќе дадоа отказ, или во брзо време ќе дадат отказ. Во МВР се напушта како на ниедно друго место, колку и да се крие истото.

За 36000 денари никој нема да си ризикува живот и тоа е факт.

Ваква полиција е сѐ освен сервис на граѓаните.

3. 80% од министерството за труд и социјала заедно со подрачните служби се луѓе вработени со врски, најмногу од партиските штабови. Истите партиски идиоти за кој зборував погоре. Половина не знаат ни да си го изговорат работното место, камо ли да си ја работат својата работа. Дополнително, нема луѓе, нема ресурси, логистика, нема установи, нема ниту интерес, ниту пари тоа да се промени.

Горе-долу, во случајов ова се институциите кои би требало да реагираат. И сите имаат на што да се пожалат и да ја префрлат топката. И најверојатно сите се во право.

Ние колективно користиме систем кој е воспоставен пред 60-тина години. Истиот е стар, дотраен, уништен и најмногу од сѐ искраден. Систем кој во суштина го завршил своето, наша вина е што не сме го обновиле, заштитиле, доградиле…

Кога велам наша вина, не мислам на државотворниот народ кој си ја сака и чува државата, туку на партиите и нивните слепи војници.

Господ нека ја чува девојката и нејзините најблиски.

Може да ве интересира