Заменик координаторот на секторот Политичка економија при Левица, Игор Ѓуровски, реагира дека масовното иселување на граѓаните од Македонија во изминатите 35 години е последица на, како што вели, економската девастација, криминалната приватизација, партизацијата на институциите и нефункционалниот систем. Тој оценува дека дел од дијаспората гласа за политички структури кои, според него, се одговорни за состојбите што ги натерале луѓето да ја напуштат државата.
Неговиот статус во пренесуваме во целост:
Огромен дел од дијаспората се состои од луѓе кои во последниве 35 години се иселија, односно беа избркани од Македонија од голем број најразлични причини помеѓу кои и економска девастација, криминална приватизација, лоша бизнис околина, непотизам и партизација на државата, самоуништувачко школство, криминално здравство, судство со доверба од 2% и владеење на неправдата, прекубројна и неефикасна администрација, катастрофална надворешна политика, државно и партиско спонзорирани и фингирани меѓуетнички тензии и конфликти, корумпиран политички систем, продадени медиуми, итн, итн…
Да си во дијаспора и да гласаш за СМРДС или ДПНЕ кои заедно се 35 години на власт е исто како да ги сакаш апашите кои те избркале од дома и сеуште ги малтретираат вашите родители, браќа и сестри, роднини, пријатели и комшии…
Толку е постот…

