На амандманската расправа на Комисијата за финансирање и буџет, пратеникот на Левица, м-р Сашко Јанчев, го образложи амандманот со кој Левица бараше зголемување на средствата за заштита на животната средина, наменети за санација на штетите од шумските пожари и обнова на шумскиот фонд.
Јанчев потсети дека од 2021 до 2025 година во Македонија изгореа околу 130.000 хектари шумско и друго земјиште, односно речиси 5% од вкупната територија на државата, а власта не презеде никакви суштински мерки за спречување на ваквите катастрофи:
„Првиот предлог-закон кој го предложи пратеничката група на Левица (но ДПМНЕ го одби) беше измена на Законот за шумите со која се предвидуваше забрана за градење, урбанизација, поставување фотоволтаични централи и сеча на дрва во наредните 50 години на подрачја зафатени од шумски пожари.
Со амандманот сега предлагаме средства, бидејќи не интервениравме во причините, да интервенираме во последиците, односно да се санираат штетите со цел да се обнови шумскиот фонд во Македонија.“
И овој амандман на Левица беше одбиен од ДПМНЕ.

