На денешната седница на Комисијата за финансирање и буџет, при расправата по амандманите на Левица на ребалансот на Буџетот, со кои се бара обезбедување средства за изградба на државни станови и поактивна државна интервенција во станбената политика, се отвори дебата со пратениците на ДПМНЕ.
Во своето излагање, пратеникот на Левица м-р Реџеп Исмаил – Хактан посочи дека слободниот пазар одамна не го решава станбеното прашање, туку создава сѐ поголема станбена криза, енормен раст на цените и класа на рентиери, додека државата останува пасивен набљудувач:
„Слободниот пазар има само една логика, а тоа е логика на профит. Имаме друга логика тука во Македонија, а тоа е логика на перење пари преку инвестирање во недвижности. И вие прст не мрдате тоа да го спречите.
Вие не само што не можете да градите станови, вие немате претпријатие кое треба да руши дивоградби со правосилни решенија”.

