На амандманската расправа на Комисијата за финансирање и буџет, пратеникот на Левица, Реџеп Исмаил – Хактан, го образложи амандманот со кој се бара враќање на дел од скратените средства за изградба и реконструкција на објекти и инфраструктура во АРМ.
Исмаил укажа на апсурдната ситуација во која ДПМНЕ и СДСМ се натпреваруваат кој обезбедил повеќе пари за оружје и НАТО-интеграција, додека во истиот тој Ребаланс се кратат токму средствата за условите во кои функционираат македонските војници.
„Токму ставката што се однесува за изградба и реконструкција на објекти и инфраструктура во АРМ е значително скратена. Тоа се сите оние активности со кои треба да се подобрат условите во кои на работа егзистираат војниците на Република Македонија.
„Имаме случаи каде војниците на една од касарните на АРМ фатија шуга. Имаме секојдневно жалење, дури случаи на труење во мензите во касарните. Имаме ситуација каде што нивните канцеларии, објектите во кои егзистираат и тренинг-центрите се тотално запуштени.
Со овој амандман предвидувам враќање не на целата сума за која е скратена, но отприлика два милиони евра да се предвидат токму во таа подпрограма.
Не е одбраната само подготовка со машини и оружја. Прво да ги реновираме објектите во кои нашите војници јадат, пијат, спијат, одмараат, вежбаат, па потоа да набавувате оружје.“
И овој амандман на Левица беше одбиен од ДПМНЕ.

