Анастасија Тодоровска, преку објава на социјалните мрежи, жестоко реагираше на новото правило на Фондот за здравствено осигурување, според кое пациентите ќе треба да приложат официјален наод од гастроскопија за да добијат лекови за заштита на желудникот, како Нолпаза, на товар на ФЗОМ. Таа оценува дека ваквата одлука е „медицински апсурд“, особено за кардиолошките пациенти кои примаат терапија што го зголемува ризикот од желудочни крварења, предупредувајќи дека наместо да им се олесни лекувањето, тие се изложуваат на дополнителни процедури и здравствени ризици.
Нејзиниот статус ви го пренесуваме во целост:
До кога административните глупости ќе бидат поважни од здравјето на луѓето?! Новото правило на ФЗОМ за Нолпаза и сличните лекови е врв на медицинскиот апсурд во Македонија. За да добиеш лек за заштита на желудникот на рецепт, мора да имаш ОФИЦИЈАЛНА гастроскопија. Иначе плаќај си приватно!
Ајде сега логика: Замислете тежок кардиолошки пациент. Човекот пие по 10 лекови дневно, меѓу кои аспирини, антикоагуланти, лекови за притисок. Желудникот му е загрозен секоја секунда, ризикот од внатрешно крварење е огромен. Секој нормален кардиолог во светот е ДОЛЖЕН е да му препише заштита.Но, нашиот ФЗОМ вели НЕ МОЖЕ! Прво на гастроскопија!Па дали тие луѓе во комисиите знаат каков стрес и ризик е гастроскопија за еден срцев болен?! Дали знаат дека за таа процедура често мора да се прекинат лековите за разредување крв, со што директно се ризикува тромб или инфаркт, за што? За лек што кошта колку едно кафе. Наместо да му го олеснат животот на пациентот кој веќе остава богатство во аптеките за антикоагуланти кои се скапи ко враг, тие го шетаат по лавиринти и го изложуваат на додатен ризик за да скратат од позитивната листа.Срамно, нехумано и тотално безмозочно. Ова веќе не е здравство, ова е сметководство врз грбот на болните! СРАМОТА

