Bitola in my heart: Вчера битолскиот Совет не го поддржа Женскиот кугларски клуб „Пелистер Пин“, кој освои три сребрени медали на Светското првенство

Се сеќавате ли на нашите млади битолчани кои пред само еден месец се вратија со сребрени медали од Светското првенство во куглање од Австрија? На прсти се бројат случаите кога битолски спортисти стигнале до светско првенство, а уште поретки се оние кои се вратиле дома со светски медал. Тоа е успех што се случува еднаш во многу години.

Да потенцираме дека токму клубот што ги создаде овие светски вицешампионки, за 2026 година доби само 50.000 денари од Општина Битола. Пари што едвај покриваат едно патување и еден натпревар во Скопје. Во исто време, други спортски клубови на годишно ниво добиваат стотици илјади, па и милионски износи, без ниту еден резултат што може да се спореди со три сребрени медали од Светско првенство.

Вчера се бараше Советот да покаже дека знае да препознае врвен спортски успех и да одобри итна финансиска помош од 300.000 денари за ЖКК „Пелистер Пин“, за клубот кој ја прослави Битола пред целиот свет. Наместо едногласно ДА, мнозинството од позицијата гласаше воздржано – еквивалент на НЕ.

Вчера беше јасно испратена порака дека ни светски медали не се доволни за да добиете поддршка ДОМА, тогаш кога ви е најпотребна.

Градот што не знае да ги цени своите шампиони, еден ден ќе остане без нив.

А тогаш ќе биде доцна за честитки.

Лесно е да се примаат шампионите на свечености, да се честита и да се направи фотографија со освоените медали. Вистинската поддршка не се покажува со аплауз, туку тогаш кога тие спортисти ќе побараат помош за повторно да ја претставуваат Битола и Македонија.

Порака до советниците од нас: Како не ви беше жал за овие деца? Како не ви беше срам? Од вашите џебови ли ги доделувате средствата или од џебовите на БИТОЛЧАНИ?

Може да ве интересира