Мислата на Си Џинпинг за градење на партијата нуди нов пристап за политичко управување

Мислата на кинескиот претседател Си Џинпинг за градење на партијата претставува нов пристап кон управувањето со политичките партии на глобално ниво, се наведува во извештај објавен во четвртокот од два кинески тинк-тенка.

Извештајот, насловен „Современи карактеристики и глобално значење на мислата на Си Џинпинг за градење на партијата“, е заеднички изработен од Националниот висок тинк-тенк на Партиската школа на Комунистичка партија на Кина и Националниот висок тинк-тенк на Новинска агенција Синхуа.

Во документот се оценува дека, во услови кога многу политички партии во светот се соочуваат со намалена доверба од јавноста, концептот на Си Џинпинг, заснован врз повеќедецениското искуство на Комунистичката партија на Кина, нуди кинески модел за зајакнување на политичкото управување и обновување на јавната поддршка.

Авторите посочуваат и дека организацискиот систем на Комунистичката партија на Кина, кој функционира под централизирано и единствено раководство, претставува искуство од кое веќе црпат одредени држави при унапредувањето на сопствените партиски структури.

Во извештајот се нагласува и дека партијата континуирано ги усовршува механизмите за надзор и контрола на власта, што, според авторите, претставува нов пристап во борбата против корупцијата. Дополнително, се наведува дека преку отфрлање на логиката на конфронтација и „игра со нулта сума“, Комунистичката партија на Кина промовира нов модел на односи меѓу политичките партии на меѓународно ниво.

Може да ве интересира