Обвинувањата на ДПМНЕ за Левица се трагикомични. Тие доаѓаат од партијата која зема најголем дел од колачот и на платеното политично рекламирање, со двоцифрени проценти, и партија со најдебела каса, најимотна, не само во регионот, туку и во Европа, реагираат од Левица.
Фактите ги демантираат во целост. Левица во работната група пред сѐ бараше промена на изборниот модел во една изборна единица и како најразумно решение, бараше целосно укинување на парите за платено политичко рекламирање. Но, кога партиите научени да функционираат само со рекет и пари, не се согласија – баравме распределба на средствата подеднакво за сите учесници во изборите. Ниту тоа не беше прифатливо за нив, потенцираат од таму.
Оваа упорност во одбивањето на секоја варијанта на фер почеток и избори открива нешто подлабоко од обична финансиска пресметка. Партија која навикнала и ја граделa својата предност токму преку нееднаквиот пристап до ресурси, логично, се плаши од секое сценарио во кој таа предност се брише или ублажува, стои во реакцијата на партијата.

