Голманот на палестинската фудбалска репрезентација убиен во израелски напад

Палестинска фудбалска федерација соопшти дека палестинскиот голман Салим Ал-Ашкар загинал во израелски напад извршен претходно оваа недела.

Според Федерацијата, 32-годишниот голман бил убиен во оружен напад од израелските сили.

По трагичната вест, со реакција се огласи и Депортиво Палестино, кој изрази длабоко жалење за смртта на Ал-Ашкар и повика на правда и мир.

Ал-Ашкар настапуваше за Хадамат Кан Јунис, а во текот на кариерата беше дел и од клубовите Ал Акса Клуб и Ал-Мусадар Спорт Клуб.

Според палестински извори, многу палестинските спортисти ги загубиле животите од почетокот на конфликтот во октомври 2023 година. Тој зад себе ја остави сопругата, со која се венчал пред пет месеци и која го очекува нивното прво дете. Неговата смрт предизвика бројни реакции и изрази на сочувство од семејството, соиграчите и спортската јавност.

Може да ве интересира