Апасиев до Костадиновки: Почитуван судија – не ви е голема биографијата, туку стомакот

Претседателот на Левица, Димитар Апасиев, преку објава на социјалните мрежи ги искоментира за јавните настапи на Претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски.

Апасиев оцени дека во „нормална држава професори стануваат уставни судии, а не обратно“, притоа доведувајќи ја во прашање академската биографија на Костадиновски.

Во статусот, лидерот на Левица тврди дека четири објавени научни труда не претставуваат доволна академска референца и направи споредба со уставни судии од регионот, за кои наведе дека имаат значително поголем број научни публикации во меѓународни списанија.

Апасиев, исто така, наведе дека мемоарите од работата во кабинетите на поранешни претседатели на државата не можат да се сметаат за научни трудови, туку претставуваат публицистички дела.

Реакцијата на Апасиев следува по јавните настапи на претседателот на Уставниот суд и неговите изјави поврзани со сопствената професионална и академска биографија.

Може да ве интересира