Проф. д-р Јане Ацески: Шумските пожари и движењето во шумите

Би сакал да дадам свое мислење околу забраната за движење во шума како една од законските мерки за спречување на шумските пожари.

Како планинар повеќе од 50 годони, како научен истражувач повеќе од 35 години, како човек вљубеник во планината, како судски вештак од областа на шумарството и еколошкиот имжинеринг, изработувач на голе број трудови , студии, проекти поврзани со шумарството, екологијата и заштитата на животната средини. Сметам дека моето мислење ќе биде релевантно и издржано се со цел да ја спасиме нашата татковина Македонија од уништувањето од шумските пожари.

Очигледно е дека законската мерка за движење во шума во летниот период заради намалување на можноста за намерно потпалување на шужски пожар досега во изминативе години не даде некои посебни резилтати. Никоја влада досега не објави статистички податоци како овој закон и казните имаат влијание врз намалувањето и спречување на потпалување на шумски пожари. Ако законот и мерките не даваат резултати треба да се сменат.

Појавата на шумските пожари не можеме да ја спречиме, особено ако е резултат на природни фактори, но можеме да превенираме и делуваме во раното откривање и намалување на последиците. Но ова е голема и значајна тема каде стручната јавност треба да се собере и направи заедничка стратегија за понатамошната борба.

За оваа работа двапати бев пивикан во МЗШВ но ниту еднаш не ме ислушаа и дозволија да го кажам своето мислење. За да на крај ми кажат дека по грешка ме повикале.

Но нејсе несум јас сега тема и нетреба да бидам.

Би сакал да предложам неколку мерки кои сметам дека би помогнале повеќе од мерката за забрана за движење.

Би потикнал поголемо движење на планинари, екологисти, ловечки здруженија. извидници, собирчи на билки, месно население од планинските села, моторџии, печуркари, луѓе кои имаат дронови и сите останати кои ја сакаат природата и својата татковина доброволно и волонтерски се организираат и превенираат во навремено спречување на шумските пожари. Ова заедно да го организираат со шумските стопанства, полицијата, министерствата, општините и други релевантни субјекти.

Само со добро организиран народ без политички бои може да ги намалиме шумките пожари и последиците од нив.

Мора да сватиме кога гори шумата горат и нашите домови, гори иднината на нашите поколенија. Затоа сите заедно да се организираме во борбата, да делуваме локално, за последиците бидат помали глобално.

Може да ве интересира