Според инженерот Дејан Димовски, од први јули граѓаните би требало да плаќаат пониски сметки за електрична енергија. Во гостување во емисијата „Студио 10“ на ТВ24, тој посочи дека намалувањето на цената произлегува од одредбите на Тарифниот систем за продажба на електрична енергија.
Димовски се повика на член 15 став 2 од тарифниот систем, според кој цената на струјата за домаќинствата што ги снабдува универзалниот снабдувач и снабдувачот во краен случај треба да биде намалена.
Тој оцени дека постојат законски и тарифни основи за поевтинување на електричната енергија за домаќинствата и посочи дека очекува тоа да се одрази во новите цени кои ќе важат од први јули.
Следи го Антропол преку Google 
