Познатиот кинески уролошки хирург д-р Гу Ди, од Првата придружна болница при Медицинскиот универзитет во Гуангџоу, неодамна престојуваше во Македонија, каде што ги пренесе своите искуства и напредните техники од областа на роботската хирургија.
Со оваа посета, на пациентите во земјава им се доближуваат најсовремените медицински достигнувања и методи на лекување, кои се применуваат во реномирани здравствени установи ширум светот. Воедно, македонските медицински тимови добија можност за непосредна размена на знаења и усовршување на своите вештини.
Посветеноста кон ваквите форми на меѓународна соработка останува силна, со цел и во иднина да се реализираат иницијативи што ќе придонесат за подобра здравствена заштита и поголема корист за граѓаните на двете земји.

