„Цветови“ – една од најтажните песни во македонската поезија посветена на 12-те младинци од Ваташа

На 16 јуни 1943 година, кај селото Ваташа, 12 младинци биле стрелани од страна на бугарската војска, под изговорот дека им помагале на партизаните. 12 млади луѓе го загубија својот живот и тие се само уште една страница во тажната македонска историја.

Во нивна чест, Славко Јаневски ја пишува песната „Цветови“, која е една од најтажните македонски песни.

Цветови – Славко Јаневски

В Тиквешко негде, в некое село,
кај в слана тивко венеше цвете,
– убија дете.

Последна солза од око капна…
кога на ридот есента стапна,
в крви се изми утрото бело.
И кога в зраци челикот светна
последна мисла ко птица летна:
„Мајка ми сама остана в село”.

О, детски очи!
Криевте в себе небесно катче…
Румено крвје течеше в жили
в радост без почин…

Кај око детско натопи земја
гороцвет никна, разлиста пролет,
кај крвта врела растопи слана
црвена роза закити поле.

Мајската роза и цветот модер
в миризма молат:
„Закити, друже, огнена пушка
со цвеќа млади,
па напред појди и други деца
брани со гради”.

В Тиквешко негде, в некое село,
кај в слана тивко венеше цвете,
– убија дете.

Може да ве интересира