Тулси Габард објави декласифицирани документи: САД финансирале повеќе од 120 биолаборатории во над 30 земји – најмногу во Украина

Директорката на Националното разузнавање на САД, Тулси Габард, објави нови декласифицирани информации според кои американската влада со години финансирала повеќе од 120 биолаборатории во над 30 држави ширум светот. Меѓу нив се и лаборатории во Украина, за кои постоела загриженост дека би можеле да бидат изложени на ризик поради воените дејствија во земјата.

Од Канцеларијата на директорот на Националното разузнавање соопштија дека информациите за постоењето, локациите и финансирањето на овие лаборатории долго време не биле достапни за јавноста. Според Габард, дел од лабораториите спроведувале истражувања со опасни и високо заразни патогени, а во одредени случаи и таканаречени истражувања со генетски модификации на вирусите за „Стекнување на функција“ (Gain-of-Function), кои се сметаат за контроверзни поради потенцијалните безбедносни ризици со кои одредени вируси се модифицираат генетски за да се зголеми нивната виралност или да можат да „скокнат“ и на друг домаќин и да го заразат, иако во природни и нормални услови не би можеле (пример вирус кој само заболува животни да почне да заболува и луѓе).

Таа додаде дека нејзината канцеларија ќе продолжи да работи на идентификување на лабораториите, нивните активности и патогените со кои работат. Воедно, Габард соопшти дека издала нови насоки до американската разузнавачка заедница за засилено следење на овие објекти, што веќе довело до нови сознанија за клинички испитувања кои се спроведуваат во дел од нив.

Во соопштението се потсетува и на извршната наредба што американскиот претседател Доналд Трамп ја потпиша во мај 2025 година, со која беше најавен прекин на федералното финансирање на истражувања од типот „Gain-of-Function“ на глобално ниво.

Русија на почетокот на војната во Украина ја обвинуваше администрацијата на Бајден и Пентагон за ваквите опасни лаборатории долж својата граница со Украина, за што американските медиуми и администрација велеа дека обвинувањата за опасните биолаборатории се лажни вести:

Може да ве интересира