Околу 15 тони млеко дневно остануваат неоткупени во Делчевско, откако млекарниците „Осогово Милк“ и „Малеш“ престанале да го преземаат производството од локалните сточари. Земјоделците велат дека не ги знаат причините за ваквата одлука, која сериозно ја загрозува нивната егзистенција.
Сточарите бараат Владата итно да интервенира и да понуди решение во рок од 48 часа. Тие предупредуваат дека, доколку не се преземат конкретни мерки, ќе организираат патни блокади како знак на протест.
Според нив, проблемот со откупот може да предизвика големи финансиски загуби и дополнително да ја влоши состојбата во сточарскиот сектор во регионот.
