Крстев: Македонија ја губи битката за храната – земјоделството пропаѓа, а власта мисли на рудници и фотоволтаици

Мики Крстев преку објава на социјалните мрежи, предупредува дека Македонија се соочува со сериозна криза во земјоделството и постепено ја губи способноста самостојно да ги обезбеди основните прехранбени потреби на населението. Во својата објава, тој посочува дека обработливите површини се намалуваат, производството и откупот бележат пад, а бројот на говеда, овци и живина континуирано се намалува. Крстев смета дека наместо стратешки да инвестира во домашното производство на храна и поддршка на земјоделците, власта приоритет им дава на рудниците, фотоволтаиците и проектите што, според него, носат профит за поединци. Тој оценува дека храната треба да биде врвен државен приоритет и побара одговорност од надлежните за, како што наведува, влошувањето на состојбата во агросекторот.

Неговиот статус ви го пренесуваме во целост:

30% од земјината топка е копнена површина од кои 10% е земјоделски обработлива површина. Или од целата земјина топка САМО 3% може да се искористи за производство на храна за човештвото!

Ако пред еден век на Земјата живееле околу 2 милијарди луѓе, денес имаме нешто над 8 милијарди, додека проценките се до крајот на овој век популацијата да достигне до бројка од 12 милијарди луѓе (ако не и повеќе).

Во меѓувреме, додека сме затрупани со платена пропаганда за нужноста од ископување на „стратешките минерали“ кои ги имаме, кои патем треба на поклон да им ги дадеме на западните земји (оти тоа е единствениот начин за понатамошен еволутивен развој?), очигледно дека властите години наназад во Република Македонија, водени од желбата за брз профит, ја губат големата слика дека во децениите кои ни доаѓаат – СТРАТЕШКИ ресурс за човештвото ќе биде ХРАНАТА!

Ситуацијата во која денес Македонија се наоѓа на ова поле е следната:

-Обработливата земјоделска површина од година во година континуирано се намалува а само во периодот од 2023 до 2025 година е намалена за вкупно 9.897 хектари. Во 2023 година се регистрирани 514.375 хектари, во 2024 година 506.586 хектари, а во 2025 година 504.478 хектари обработлива површина.

-Откупот и продажбата на земјоделските производи во првото тримесечје од 2026 година во однос на истиот период од претходната година се намалени за 29 %.

-Намалено е производството кај сите овошја, а најмногу кај црешите за 54.1 %.

-Бројот на говеда е ви постојан пад, во 2024 во однос на 2023 година е намален за 3.2 %, во 2023 година во однос на 2022 година за 9.7 %., а најновите податоци укажуваат пад од 0,9 % и во 2025 во однос на 2024 година.

-Исто како говедата, и бројот на овци во 2024 во однос на 2023 бележи пад од 11.9 %, 2023 во однос на 2022 бележи пад од 9.2 %, додека последните податоци за 2025 во однос на 2024 исто укажуваат пад од 9.2 %.

-Додека бројот на живина во 2025 во однос на 2024 бележи пад од 10.6 %.

-Со други зборови, снемуваме плодно земјиште за сметка на изградба на фотоволтаици, дата центри и други слични инфраструктури кои генерираат профит за поединци, за сметка на државата и македонските граѓани кои полека остануваат без основните прехрамбени продукти – месо, млеко, јајца.

И, иако е ваква ситуација сепак:

-Трошоците за земјоделие растат, особено трошоците за средства наменети за инвестиции кои само за една година пораснале за огромни за земјоделците 10.8 %!

-Субвенции за земјоделците се уште нема!

-Откупните цени се на ниво од пред неколку години!

-Откуп нема – наместо тоа имаме санкции кон земји како Русија!

Но, наместо да се зборува за сериозноста на проблемот со храната, сепак на вчерашната Интерпелација одлучија ДА ГО ОПРАВДУВААТ И БЕССРАМНО БРАНАТ неговото работење! Ова и не е веќе за изненадување, народот е навикнат единствено на препукување меѓу ДПМНЕ и СДС без конкретна работа но, морално и чесно е да се повлечеш кога не оди, бидејќи со храната не треба да експериментираме – иднината е во производството на храна!

Заборавете на рудници и фотоволтаици, мислете на земјоделците и храната – отрови и пари од брз профит не се јадат!

Оставка!

Може да ве интересира