(Видео)Давчева кон Ѓорѓиевски: Дали за Вас приоритет е заштитата на човечките животи или популистичко додворување по цена на нови инциденти со фатални последици?

Советничката Милица Давчева од Левица на седницата за советнички прашања во Советот на Град Скопје, нагласи дека додека Ѓорѓиевски одолговлекува, тактизира и се премислува околу дивиот пешачки премин на Бит-пазар, граѓаните ја плаќаат цената на неговата неодлучност. Како доказ за тоа, таа ја посочи сообраќајната незгода од минатата недела, кога двајца пешаци беа повредени токму на овој проблематичен и небезбеден пешачки премин.

Ова не е некое споредно сокаче во градот туку е главна артерија која го поврзува Центарот со целиот северен дел од градот, тука се општините Чаир, Бутел, Шуто Оризари и Чучер Сандево. Таму секојдневно претрчуваат деца и ученици до блиското основно училиште, студенти, стари лица и лица кои одат во поликлиниката Бит-пазар. Па затоа прашувам дали нам треба да ни се случуваат трагедии со фатален исход па дури потоа да се освестите дека треба нешто да се преземе – праша Давчева.

Може да ве интересира