На денешната собраниска седница на која се расправаше за Интерпелацијата на Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски, претседателот и пратеник од Левица, проф. д-р Димитар Апасиев, се осврна на катастрофалната состојба во македонското земјоделство, нефункционалните системи за наводнување, уништувањето на сточниот фонд, увозната зависност од храна и политиките кои, наместо производителите, ги фаворизираат прекупците:
„Ние сме земја која е увозно зависна од храна. Срамота! Земја со 280 сончеви денови – увозно зависна од храна. 600 милиони евра трговски дефицит. Наместо да завршуваат кај нашите земјоделци, им ги даваме на странци. Над една милијарда трошиме само да се прехраниме од странство, истакна Апасиев.
Имаме намалено житно производство. 250.000 тони пченица произведуваме и ни фалат 80.000, најчесто од Србија ги увезуваме. Пченицата е намалена од 80.000 на 68.000 хектари, ʼржта од 4.500 на 3.500 хектари, оризот од 5.200 на 3.000 хектари. Елементарно е. Ако вие ги зголемувате субвенциите, треба и производството да расте. Значи нешто ви е килаво во системот, не ви функционира, предупреди пратеникот.
Откупни цени – 5% зголемени откупни цени во малопродажба, отколку кај земјоделците. Што тоа ви кажува? Дека прекупците го собираат кајмакот. Дека при инфлација од 5%, сите цени одат нагоре, само овие цени на земјоделски производи кај овие примарни земјоделци одат надолу, нагласи пратеникот.
Пченицата, 9 денари им ја плаќате, а на земјоделецот да ја произведе го чини 22 денари. Млекото од 38 денари, на 26 денари го намалив. Оризот 20 денари, а да го произведе 25. Компирот 25 денари. Кромидот 15 денари. Наместо лозарите да ги стимулирате, вие на винариите им давате пари. Која е таа логика? И што е резултатот? Од 90.000 пенушки во тиквашијата во 2021 година, сме паднале на 79.000 пенушки. Вака ако продолжиме грозје само по дома ќе се одгледува, истакна Апасиев.
Илјадници грла добиток имаме помалку. 10% годишно ни се намалува. Овци во СФРЈ сме имале 2,5 милиони грла, денес имаме 470 – минус 80% сточен фонд. Говеда сме имеле 300.000, сега имаме 140.000 – минус 60%. Какви се овие политики кои водат до вакви резултати?- алармираше пратеникот.
Оттука, спасот е во комбиниран модел којшто ние го имавме, а тоа се: големи зикови, задруги и бавчаванџии, стратешки култури немаме (тоа се афионот и конопот) и агробанка. Очајно ни е потребна агробанка за зелени кредити, за системи за заштита и за циркуларна економија поврзана со исхрана и училишни мензи”, порача Апасиев од собраниската говорница.

