(Видео) Мојсоска: АХВ повеќе од една недела не ги објавува фирмите што манипулирале со декларации на млечни производи – Дали Трипуновски чека рекет од фирмите?

Пратеничката од Левица, Јована Мојсоска, обвини дека директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), Оливер Миланов, повеќе од една недела не ги објавува имињата на фирмите кои, според наодите на институциите, манипулирале со декларациите на млечните производи.

Во видео-објава на социјалните мрежи, Мојсоска поставува прашање дали зад одложувањето стојат други интереси и го повикува министерот за земјоделство, Цветан Трипуновски, да објасни зошто јавноста сè уште нема информации за компаниите кои наводно ги прекршиле прописите.

Од АХВ и од Министерството за земјоделство засега нема официјален одговор, а јавноста сè уште очекува информација за тоа кои компании биле опфатени со контролите и какви мерки ќе бидат преземени против евентуалните прекршители.

Може да ве интересира