(Видео)Јанчев кон Трипуновски: Македонија нема прехранбена безбедност – доволно е да ни ги затворат границите и ќе изумреме од глад

Во 2015 се произведувало од 316 до 390 милиони литри сурово млеко. Во 2026 паднато е на 220 милиони литри. Годинава се движи кон 100 милиони литри помалку. Млекарниците се пуштени слободно да манипулираат со цената. Производителите на млеко, фармерите не можат да си ги покријат ниту трошоците, па принудени се кравите да ги даваат на кланици и да ги продаваат.

Слично е и со раноградинарските култури. Како лани, така и оваа година се дозволуваат пазарни шпекулации, па цените на зелката, компирот, краставиците и доматот е таква што не обезбедува одржливо производство. Земјоделците не можат трошоците да ги покријат и затоа секоја година има сѐ помалку индивидуални земјоделци кои што произведуваат се помалку храна, истакна Јанчев.

Може да ве интересира