(Видео) Левица: Орце бега од дебата и одговорност – ДПМНЕ го уништува институтот „советнички прашања“

Советничката од Левица во Советот на Град Скопје, Евгенија Станкоска, жестоко реагираше на новиот начин на работа што го наметнува мнозинството предводено од ДПМНЕ.

Наместо советничките прашања да бидат алатка за непосредна контрола на градоначалникот и градската администрација, ДПМНЕ воведува апсурден модел во кој сите прашања однапред се поставуваат, по што следува пауза од 20 минути за подготовка на однапред смислени одговори. Наместо дебата и соочување со фактите, Орце Ѓорѓиевски добива простор за непречени монолози без можност веднаш да биде соочен со сопствените противречности, изјави советничката Станкоска од говорницата во Советот на Град Скопје.

Левица нема да дозволи Советот на Град Скопје да се претвори во сцена за политички монолози и маркетинг, наместо во место каде власта одговара пред граѓаните, стои во реакцијата на партијата.

Може да ве интересира