Левица: Наместо репреговарање на договорот со „Бехтел и Енка“, Владата го задолжува народот со нови кредити

Политичката партија Левица ја обвини Владата предводена од премиерот Христијан Мицкоски дека се откажала од ветувањата дадени додека беше во опозиција во однос на договорот со „Бехтел и Енка“, и наместо негово репреговарање обезбедува нови задолжувања за финансирање на истиот проект.

Од Левица потсетуваат дека ВМРО-ДПМНЕ во опозицискиот период договорот го претставувала како пример за криминал, нетранспарентност и штетно трошење на јавните средства, најавувајќи дека ќе бара одговорност и ќе ги преиспита неговите услови.

Во реакцијата се оценува дека со децении државата не успева да воспостави систем за реализација на капитални проекти без дополнителни трошоци, анекси и нови задолжувања, при што товарот, според Левица, постојано се префрла врз граѓаните.

Левица смета дека додека соседните земји работат на привлекување инвестиции и развој на инфраструктурата, Македонија останува заробена во, како што велат, „кругот на политички пресметки, нереализирани ветувања и континуирано задолжување“.

Може да ве интересира