Симонов: Наместо социјална политика, Владата спроведува експлоататорска агенда на бизнис-лобито и олигархијата

Членот на Президиумот на Левица, Александар Симонов, преку објава на социјалните мрежи упати жестоки критики кон Владата, обвинувајќи ја дека економските и трудовите политики ги креира според интересите на работодавачите, а не според потребите на работниците. Според него, одбивањето на зголемување на минималната плата, зголемувањето на квотите за странски работници и најавите за ограничување на боледувањата се дел од поширок модел на политики што одат во корист на бизнис-заедницата.

Во својата објава, Симонов посочува дека додека илјадници работници протестираат и бараат повисока минимална плата, Владата останува на ставот дека нема услови за нејзино зголемување.

Тој ја критикува и владината одлука за зголемување на квотите за вработување странски работници, оценувајќи дека и покрај реакциите во јавноста, институциите ги следат барањата на бизнис-секторот.

Во објавата се осврнува и на наводните иницијативи за ограничување на боледувањата, тврдејќи дека тие се насочени кон дополнително намалување на работничките права.

Симонов смета дека Владата не покажува подготвеност за даночни реформи кои би вовеле поголема правичност во системот.

На крајот, Симонов ја коментира и најновата иницијатива за можноста од намалување на бројот на неработни денови, оценувајќи дека и таа произлегува од барањата на бизнис-заедницата.

Може да ве интересира