Четири лица загинаа во тешка сообраќајна несреќа што се случи ноќеска на скопската обиколница, меѓу кои се и баритонот на Македонската национална опера и балет, Ристе Велков, и неговиот 20-годишен син Адам Велков.
Ристе Велков важеше за еден од водечките македонски баритони и оперски солист првенец, препознатлив по својот специфичен глас, поради што често го нарекуваа „италијански баритон со кадифена боја“.
Во несреќата животот го загуби и 20-годишниот Петар Миланов од Скопје, како и уште едно лице чиј идентитет засега не е утврден.
Според видеоматеријал од местото на настанот, возилото во кое се превезувале жртвите целосно се запалило и било пеплосано. Според неофицијални информации, до несреќата дошло откако влекач од марката МАН преминал во нивната сообраќајна лента и директно удрил во нивното возило.
Надлежните институции вршат увид за утврдување на точните причини за несреќата.

