Две лица го загубија животот, а уште тројца се повредени во експлозија на гас што предизвика пожар во станбена зграда во рускиот град Лобња, соопшти руското Министерство за вонредни ситуации.
Според информациите на надлежните служби, експлозијата се случила утрово во стан на третиот кат од повеќекатна зграда, по што избувнал пожар. Огнот бил ставен под контрола и изгаснат од противпожарните екипи, пренесува ТАСС.
Во текот на интервенцијата биле евакуирани вкупно 15 лица, меѓу кои и три деца. Надлежните служби вршат увид на местото на настанот за утврдување на причините за несреќата.

