Димитриев: Државата се задолжи за 260 милиони евра, а ќе врати над 326 милиони – „скап кредит со висок ризик”

Координаторот на Секторот Финансии при политичката партија Левица, Марјан Димитриев, преку објава на социјаните мрежи, остро реагира на новото задолжување на државата, оценувајќи дека станува збор за неповолен и скап кредит со вкупни трошоци од 25,6 проценти. Според него, и покрај владините тврдења за финансиска стабилност и поволни услови, реалноста покажува дека државата влегува во сè подлабок циклус на задолжување, при што за земени 260 милиони евра ќе треба да се вратат над 326 милиони евра.

Неговиот статус ви го пренесуваме во целост:

МАКЕДОНИЈА ДЕНЕС СЕ ЗАДОЛЖИ ЗА 260 МИЛИОНИ ЕВРА А ЌЕ ВРАТИМЕ НАД 326 МИЛИОНИ ЕВРА.

И НЕ ОВА НЕ Е ЕВТИН КРЕДИТ, ОВА Е КРЕДИТ СО ВКУПНИ ТРОШОЦИ ОД 25,6%

Кога ќе се слушне настапот на Министерката за финансии впечатокот е дека државата влегла во период на силна финансиска стабилност и подобрување на позицијата на меѓународните пазари. Секое ново задолжување се претставува како успех, секоја добиена понуда како доказ за „доверба“ а секоја каматна стапка како најповолна до сега.

Но зад ова самофалење и внимателно одбраните споредби лежи една тажна вистина: дека државата чекор по чекор се подлабоко се врзува во циклус од задолжување што се претставува како напредок а во суштина се потешко станува одржлив.

Ова не е поволен кредит. Ова е скапо задолжување со пренесен ризик. Државата зема 260 милиони евра а враќа над 326 милиони евра. Разликата е околу 66 милиони евра. Тоа е цената на ова финансирање.

Кредитот е врзан за 6M ЕУРИБОР (во моментот 2,55%) + 2,1% маргина. Вкупна каматна стапка околу 4,65% Ова не е поволно sovereign финансирање. Ова е комерцијално одредување на цената. Само за споредба:

ЕУ институции (EIB) финансираат со:

0% – 0,6% маргина

САД development finance:

0,5% – 1,5%

Кина policy банки:

околу 1% – 1,5%

Овде имаме 2,1% и е над сите типични sovereign споредбени стандарди.

Рокот на ова задолжување е 7 години од кои:

-грејс период 3 години – за камата плаќаме 36,27 милиони евра

-отплата 4 години – за камата плаќаме 26,65 милиони евра

-еднократна провизија 1,4% – за провизија плаќаме 3,64 милиони евра

-агентска провизија – 87.500 евра

Дали се ова добри услови: одговорот е НЕ.

-ако ЕУРИБОР расте, расте и долгот (со оглед на моменталните глобални случувања ова е многу реално сценарио а со тоа ќе се зголеми и каматната стапка)

-ако има инфлациски шок, расте и долгот (со оглед на активните војни и ценовниот шок на енергенсите ова е многу реално сценарио)

-ако ЕЦБ менува политика, расте и долгот (каматните стапки веќе стагнираат и се очекува затегнување на монетарната политика и нивно зголемување)

-еднократна провизија од 1,4% – плаќаме 3,64 милиони евра веднаш. Само за споредба ЕУ и мултилатерални институции имаат еднократна провизија 0% – 0,25% во многу случаи.

Ова е висока влезна цена за пристап до долг. Плаќаш за да се задолжиш пред воопшто да почнеш да враќаш.