Професорката Тамара Јованов остро реагираше на социјалните мрежи поради, како што наведува, неправедните образовни политики и неповолните услови за младите во земјата. Таа посочува дека додека во некои европски држави, како Словенија, студентите добиваат бесплатни студии и стипендии како дел од државна стратегија за задржување и привлекување млади кадри, во Македонија, според неа, се создава спротивен ефект кој дополнително ги турка младите да заминат. Јованов предупредува и на сè поголемиот одлив на образовани кадар во странство, оценувајќи дека тоа претставува еден од најсериозните проблеми за иднината на државата.
Нејзиниот статус ви го пренесуваме во целост:
Децата на сиромашните изгледа не мора да студираат, а за стаорците во студентските домови ќе мора да се плаќа малку повеќе!!!
Па има ли смисла ова, мајка му стара!?
Во Словенија на нашите млади им нудат се’ бесплатно, ги стипендираат – национална стратегија имаат за како да ни ги земат, а нашава власт наместо да поведе сметка за како да им парираме со понудата на Словенците и Западот, дополнително ги брка младите со лоши политики!
Млад човек кој завршил факултет во странство, шансите да се врати се скоро непостоечки!
Значи, нив ги губиме засекогаш!
И ова ни е еден од најитните и најопасните проблеми!
Ќе поведе ли некој од одговорните сметка или ќе ставаме клуч на државата за некоја година!?

